Јужноафриканецот Бред Биндер попладнево на Мото ГП трката на Ред Бул Ринг во Австрија го освои првото место. Во трка која беше навистина интересна, посебно во финишот кога тој не замина во боксот и тоа поради временските услови, за разлика од останатите.
Биндер возеше храбро па затоа на крајот и успеа да дојде прв на целта.
Втор беше Франциско Бањаја, додека третопласиран беше Хорхе Мартин. Квартараро, водешкиот во генералниот пласман заврши седми, а Роси кој најави повлекување од мото – трките на крајот од сезонава, на крајот беше осми.