Во петото коло во српската фудбалска лига падна еден од најубавите голови оваа сезона. Напредак го совлада Младост со 2-1, а победничкиот гол го постигна Марјановиќ во 75. минута. Токму овој погодок е прогласен за еден од најубавите, од 60. метри го совлада противничкиот голман.