И без Меси, Барса тргна победнички (ВИДЕО)

254

Барселона ги прокнижи првите 3 бода на стартот од новата сезона во Ла Лига. На домашен терен, без првата ѕвезда Ло Меси, Роналд Куман и неговите момци остварија победа над екипата на Реал Сосиедад од 4:2. Победата е дотолку поважна, ако се знае дека според букмејкерите, Реал Сосиедад е еден од петте главни фаворити за титулата сезонава.

Барселона поведе уште во 19. минута, по одличното уфрлување на Депај за Пике, кој со глава погоди во голот на гостите. Одличната игра беше крунисана со втор гол во судиското надополнување, кога Брајтвајт погоди за 2:0.

Данецот зголеми и на 3:0 во 59. минута, по што се чинеше дека мечот е решен. Сепак, за само три минути од 82. до 85., Реал Сосиедад успеа да надомести два гола негатива. Најпрво Сиенфуегос намали на 3:1, а потоа со извонреден шут од слободен удар, Ојарзабал ги врати гостите во живот, намалувајќи на 3:2.

Иако се чинеше дека гостите имаат сили за изненадување, сепак во 91. минута Серхи ги реши сите дилеми со гол за 4:2.

ПретходноМирчевски непогрешлив: Два пенали, два гола и три бода за “Пандевци“!
СледноЈоветиќ испиша историја: Само втор кој постигнал гол во сите ТОП 5 лиги во Европа