Вечерва од 20 часот, Барселона, каталонскиот , се среќава со Реал Сосиедад и тоа во меч од 1.коло во новата сезона на Ла Лига.
Секако дека важно е Барса, кој изминатите денови мака мачеше да ги регистрира своите фудбалери, да стартува со победа, посебно ако се знае дека синоќа Реал Мадрид успеа да победи кај Алавес.
Сепак тоа е во втор план. Поважно е што вечерва Барса ја стартува ерата без Лео Меси, иконата на клубот, најдобриот фудбалер на каталонците во нивната историја. Човек кој што и донесе голем број пехари во ЛШ, во Ла Лига, во Купот и уште многу, многу други.
По цели 21 година престој во Каталонија, Меси и Барса одлучија, од познати причини, дека е време за разделба. Меси веќе е во ПСЖ, сега е фудбалер на “светците“, кои со него имаат вистибнски дрим – тим.
Сега, вечерва, на потег е Барселона. Треба да покаже на дело како може и дали може без Лео Меси.
На “Камп Ноу“ веќе ништо нема да биде исто…