ПМФЛ: Шкупи победнички, “загипсирана“ Шкендија, победи на Борец и Струга ТЛ…(ВИДЕО)

603

Завршија петте попладневни средби од 2.коло во ПМФЛ. Во дербито на колото екипа Шкупи покажа карактер, квалитет и успеа да ги совлада “лавовите“ со 2:0. Ова е прва победа на четата на стратегот Гоце Седлоски во вториот меч сезонава.

Шкендија однови не победи. Загуби во градското дерби од Ренова, но барем постигна гол, и тоа прв по цели 518 минути. Стрелец беше Дориев, а Јусуфи и Селмани ја креираа големата победа на Ренова.

 

На Автокоманда реми без голови одиграа Скопје и Брегалница. Струга ТЛ со голот на Скендери го победи Пелистер, додека Борец со голот на Манасиев во 93.минута славеше против Тиквеш. Претходно голови дадоа Ѓорѓиев за велешани и Вареловски за кавадарани.

Вечерва во 20 часот во Струмица, се среќаваат А. Пандев и Работнички. Тоа ќе биде последен меч од ова 2.коло во ПМФЛ.

РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 1:2

(Дориев 68./Ф. Јусуфи 20., Р. Селмани 48.)

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0

(Сенгор 42.,Алварез (п) 90+4.)

БОРЕЦ – ТИКВЕШ 2:1

(Ѓорѓиев 52., Манасиев 90+3., /Вареловски 56.)

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1:0

(Скендери 61./)

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0:0

А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20:00 Ч)

ГОЛОТ ОД МЕЧОТ СТРУГА – ПЕЛИСТЕР

 

ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0

ПретходноВојдан повеќе не е ерген (ФОТО)
СледноИ со Ѓока и со Бруно: ОЧАЈ е оваа Шкендија, шампионот не знае кај тера!