Пресврт: Сега Тотенхем ни за 200 милиони евра нема да го пушти Кејн во Сити!

872

Кога се чинеше дека се е готово, кога наголемо се пишуваше за новиот рекорден трансфер на Островот, оној на Хари Кејн од Тотенхем во Манчестер Сити, се случува пресврт.

Имено Даниел Леви, првиот човек на “спарси“ бил ужасно лут на Сити поради тоа што тие доцна ја испратиле понудата, но и таа била нешто помала од онаа првична 187 милиони евра.

Па затоа им соопштил на шеиците од „Етихад“ дека може слободно да заборават на Кејн ова лето. И дека сега ако и дадат дури 200 милиони евра, тој нема шанси да го пушти својот капитен.

Овој негов потег на Островот се смета дека е само една преговарачка “зафрканција“ на Леви, други пак велат дека тој е во право. Имено се наближува крајот на преодниот рок и тој мора, ако Кејн си замине, да реагира адекватно на пазарот.

ПретходноБиндер прв на целта на Ред Бул Ринг!
СледноБожиновска 10-та, Османовска 15-та на Балканското атлетско првенство