Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, по вчерашната стартна победа во новата сезона од Премиер лигата, зборуваше за очекувањата од новата сезона во англиската елита.
„Да бидам искрен, мислам дека сме четврти на листата фаворити за титулата. Не сме фаворити. Треба да ја намалиме разликата со третиот, вториот, првиот тим. Во втората половина од минатата сезона, зборувавме за нашите високи амбиции и да го намалиме јазот со лидерите во 90 минути за време на натпреварите. Така ќе работиме и ќе продолжиме. Ова е Премиер лига, тежок турнир. Ние сме ловци, мора да ја намалиме разликата со Ливерпул , Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Мораме да работиме на ова од сезона во сезона. Но, не се срамиме и јавно изјавуваме дека сепак сме четврти на листата на фаворити за титула“, вели Германецот.