Ѓорѓев стрелец во убедливиот триумф на Грасхоперс во Купот

102

Во Швајцарија викендов се игра 1/32 финалето на Купот, а Грасхоперс гостуваше кај Виднау и го совлада со 5:0 и продолжи во наредната рунда. Во оваа висока победа гол постигна и македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев кој стрелаше во 56. минута од мечот.

Всушност во првото полувреме „штурците“ водеа со 1:0, а потоа од 53. па до 59. минута постигнаа три гола. Во финишот Да Силва ги постави конечните 5:0.

 

ПретходноБожиновска 10-та, Османовска 15-та на Балканското атлетско првенство
СледноЛудо и незаборавно на „Сент Џејмс Парк“