Конечно: По пауза од 17 години во Кавадарци во среда ќе се игра прволигашки фудбал!

800

И дефинитивно и официјално. Градскиот стадион во Кавадарци попладнево доби “виза“ од надлежната комисија на ФФМ дека може да се игра прволигашки мечеви, а тоа значи дека Тиквеш во среда ќе може да ја пречека Академија Пандев на својот стадион.

Колку за потсетување, поради реконструкција на стадионот, пред се на соблекувалните, првиот меч од оваа сезона како домаќин, и тоа против Шкендија, Тиквеш мораше да го игра во Прилеп.

Па така, по цели 17 години пауза, во среда во Кавадарци конечно ќе се игра прволигашки фудбал. Ова е прв меч на Тиквеш по цели 17 години, како прволигаш кој ќе го игра на на својот стадион во Кавадарци. Можеме само да претпоставуваме каква ќе биде атмосферата на мечот со Академија Пандев. Се очекуваат, поради ковид – мерките, да има не повеќе од 2.000 гледачи. Сепак и оваа бројка не е за потценување.

Посебно кога “лозарите“ се тука кои секако дека ќе направат вистинска фешта.

Фановите на Тиквеш овој меч го чекаа долго, долго време, цели 17 години.

ПретходноМеси, Рамос, Нејмар, Ди Марија…сите на роденден, само Мбапе го нема!
Следно“Пандевци“ се засилија и со Босанецот Хаџановиќ!