Одбојкарите на Меморијалот „Чајка“ ја почнуваат „финална глазура“ на формата за ЕП

157

По двете контроли во Белград со европскиот шампион Србија, македонската одбојкарска репрезентација продолжува со подготовките за престојното Европско првенство во Скопје. Селекторот Душко Николиќ уште вчера продолжи со работа со нашите репрезентативци, очекувајќи ја новата серија од три контролни дуели во рамките на Меморијатлниот турнир „Бранк Хаџииљовски – Чајка“ кој следува од четврток во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Мислам дека средбите со Србија беа исклучително корисни, затоа што по долгите подготовки во Маврово, полека треба тие заморни нозе да се опуштаат и да почнеме да влегуваме во натпреварувачки ритам. Србија покажа дека е навистина класа селекција, но одигравме две добри средби. За нас сега е вистинската финална контрола, генералната проба пред Европското првенство. Дуелите на Меморијалот ’Чајка’ треба да ги искористиме за што подобра подготовка и воигрување. Како и секогаш, одиме на победи, за да ја кренеме и самодовербата пред заминувањето на ЕП“, вели еден од најсикусните во нашиот репрезентативен тим, техничарот Филип Деспотовски.

Македонија ја чекаат средбите со Израел, Црна Гора и Словачка во рамките на 45. издание на еден од најдолговечните одбојкарски турнир во регионот.

ПретходноКуртоа во Реал Мадрид до 2026!
СледноЕспирито Санто го стави Кејн во тимот за мечот од Конференциската лига в четврток