Така треба девојки. Така се прославува првото место, со песна, со – Бисер балкански. Ечеше во соблекувалната по финалето од грлата на нашите ракометарки оваа хит – песна.
Македонските ракометарки до 17 години вчера триумфираа во ЕХФ шампионатот во Литванија. Прекрасен, феноменален успех.
И знаеја како да го прослават.
Секоја чест…така се сака својата земја.
Чист патриотизам.
Едно убаво видео од прославата на женските младински ракометарки со “Бисер Балкански.”
Девојките испишаа историја и за прв пат ќе бидат дел ракометната елита.Само една има вистина
има една Македонија!!! pic.twitter.com/BpcuJ4ogCl— Егејска – Беломорска Македонија, Aegean Macedonia (@AegeanPart) August 16, 2021