Алба: Лут сум и тажен, доста ми е од лаги!

556

Неодамна навивачите на Барселона го исвиркуваа Жори Алба, еден од капитенот на овој клуб. Причината за ваквото однесување е убеденоста кај фановите на каталонскиот гигант дека токму тој е еден од виновниците за заминувањето на Лионел Меси. Овој фудбалер нема потпишано ново договор за помала плата.

„Станува збор за лажни информации кои се појавија пред Европското првенство, дека одбивам помала плата. Не, јас секогаш сум тука да ми помогнам на клубот и никој не треба да се сомнева во мене. Тука сум 18 години, Барселона е мојот втор дом, клубот на мојот живот, секогаш ќе му помогам.

„Луѓето нека мислат што сакаат. Лагите ме заморуваат, ме лутат, тажен сум поради тоа. Најтешко му паѓа на моето семејство кое мора да слуша вакви лаги“, изјави Алба.

Тој го замолил претседателот на клубот, Лапорта да се огласи и да го заштити.

„Јас ја зборувам вистината, а тоа е дека никој не ми се јави пред ЕП. Претседателот се уште не се огласи на ова прашање, се надевам дека ќе ја каже вистината. Јас ќе и помоган на Барселона, тоа е мојата доживотна должност“.

ПретходноПо кавгата со Јамаха, Вињалес потпиша за Априлија
СледноЛапорта: Долгот на Барселона е 1,35 милијарди евра!