Батшуаји е нов напаѓач на Бешикташ

261

Турскиот шампион Бешикташ има нов фудбалер, а тоа е белгискиот интернационалец Миши Батшуаји кој доаѓа од редовите на Челзи. Фудбалерот се согласил да оди да игра во турската Суперлига, а оди во Бешикташ како позајмен фудбалер со можност клубот од Истанбул да го откупи неговиот договор за сума од околу 11 милиони фунти.

Белгиецот имаше лимитиран број на настапи во Челзи, па затоа беше позајмуван во изминатите неколку сезони. Прво во Борусија Дортмунд, па Валенсија, па Кристал Палас, сега оди во Бешикташ.

Пред да дојде на „Стемфорд Бриџ“ играше за Марсеј и Стандард Лиеж. За Белгија има 35 натпревари и 22 гола.

ПретходноКВАЛИФИКАЦИИТЕ СЕ ЗАВЕРЕНИ: Кошаркарите и сервираа одмазда на Швајцарија (ФОТО)
СледноБајиќ: Момците од меч во меч покажуваат карактер и мислам дека ќе бидат уште подобри