Бајиќ: Момците од меч во меч покажуваат карактер и мислам дека ќе бидат уште подобри

268

Македонската кошаркарска репрезентација и сервираше реванш на Швајцарија, ја совлада со 61-67 и го потврди местото во квалификациите за СК 2023 година на еден меч пред крајот на турнирот, кој се одржува во Скопје.

Им честитам на момците кои одговорија на задачите кои ги поставив. Нормално е дека на ваквите натпревари нервозата е присутна во  ваков важен натпревар за нас. Најважно на крајот е што победивме и дека овие момци од меч во меч покажуваа натпревар и мислам дека ќе прераснат во една супер екипа. Остана уште еден меч во овие претквалификации и нормално ќе одиме на победа“, вели Бајиќ.

Во овие три меча можам да бидам задоволен од одбраната, јас ги почитувам играчите, посебно организаторот на играта Николов кој можеби немаше 4-5 минути во МЗТ Скопје, а доби можност да игра за репрезентација, јас навистина пробувам преку секој натпревар тој да напредува и да бидам искрен задоволен сум. Она што треба да направиме е да поправиме некои напаѓачки елементи, денеска тоа беше многу добро за разлика од претходниот натпревар. Уште еднаш ќе кажам им благодарам на момците кои играат пожртвувано, едноставно се фрлаа по паркетот и со самото тоа дојде резултатот што го сакавме“, додаде македонскиот селектор.

ПретходноБатшуаји е нов напаѓач на Бешикташ
СледноТрајковски: Со Бајиќ сме во добри односи, случката на полувреме беше во жарот на борбата