Белерин не сака повеќе да игра за Арсенал, бара итно да биде продаден

563

Десниот бек на Арсенал, Ектор Белерин, наводно, се уште е очаен да го напушти клубот ова лето, десет години откако се пресели во северен Лондон од младинската академија на Барселона.

Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, 26-годишниот фудбалер јасно им ставил до знаење на менаџерот на „топчиите“, Микел Артета и техничкиот директор Еду, дека сака да си оди и се повеќе се разочарува што Арсенал не прави ништо по тоа прашање.

Се очекува Белерин да го напушти Арсенал во последните денови од тековниот преоден рок, па затоа не беше изненадување кога Шпанецот не беше вклучен во составот на отворањето на новата сезона против Брентфорд. Десниот бек преговараше за преселба во шампионот на Серија А, Интер, но се чини дека тимот на Симоне Инзаги нема веќе интерес за дефанзивецот, па сега единствена реална опција е некоја позајмица.

ПретходноЕспирито Санто го стави Кејн во тимот за мечот од Конференциската лига в четврток
СледноТака треба девојки: “Бисер балкански“ среде Литванија! (ВИДЕО)