Волфсбург исфрлен од Купот на Германија!

255

Екипата на Волфсбург е елиминирана од Купот на Германија поради грешка. Тренерот Марк Ван Бомел не бил запознаен со правилата и употребил шест измени на натпреварот против Пројсен Минстер во 1. рунда минатата недела. Волфсбург го доби мечот со 3:1 и тоа после продолженијата, а по мечот увиден е пропуст кај бундеслигашот.

Ван Бомел направил шест измени, а во Купот се дозволени максимум пет. Поради тоа Дисциплинската комисија утврди дека се прекршени правилата и Пројсен Минстер го доби мечот службено и ќе патува во следното коло.

ПретходноМурињо собори личен рекорд: 40 дена не дал изјава!
СледноУрнебесно: Двегодишно дете влета на теренот за време на меч, мајка му трчаше по него (видео)