Ден за одмазда: Кошаркарите заслужуваат поддршка!

298

По ден одмор, нашата најдобра кошаркарска репрезентација продолжува со битките во претквалификациите за СК 2023. Избраниците на Драган Бајиќ против Словачка покажаа дека имаат квалитет и дека никој не треба да се откажува од нив.

Местото во квалификациите Македонија може да го потврди уште денеска и тоа против Швајцарија. На првата средба кошаркарите беа поразени со пет поени разлика (62-67), но со играта против Словачка, можат да дојдат до втор триумф и да останат на лидерското место во својата група.

И на оваа средба ќе биде дозволено присуство на публика. Но, овој пат според новите протоколи, во сала ќе можат да дојдат оние кои имаат примено вакцина или пак имаат прележано Ковид-19.

На мечот со Словачка имаше едвај 200 навивачи, тогаш можеби голем дел не веруваа во овие момци, кои пак ја вратија надежта и навистина заслужуваат поддршка од трибините.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан со почеток од 19 часот.

ПретходноНавивачите на Барселона „удрија“ по Лапорта
СледноПике со новата плата не може да купи ниту кутија цигари?