Димитриевски и Рајо Ваљекано убедливо поразени од Севилја!

428

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано вечерва убедливо се поразени на гостувањето кај Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“ и  тоа со 3:0. И за ниту еден гол македонскиот репрезентативен голман не беше виновен. Првиот го прими од пенал во 19.минута, стрелец беше Ен Несири. Вториот пат беше совладан од страна на Ламела, но топката се одби од еден одбрамбен фудбалер на гостите, го измами Столе и влезе во мрежата на Димитриевски. Ова се случи во 55.минута. Третиот гол падна во 79.минута, а Ламела од непосредна близина успеа да погоди за конечни 3:0.

Во меѓувреме Димитриевски имаше неколку одлични интервенции.

На крајот да кажеме дека Македонецот мечот го започна од клупа. Но Лука Зидан во 16.минута доби директен црвен картон и Столе мораше да влезе. Токму тогаш беше покажан пеналот. Уште незагреан Столе прими гол од белата точка. Значи Рајо Ваљекано речиси цел меч го одигра со играч помалку.

Ова беше меч од 1.коло во новата сезона во Ла Лига.

ФОТО: Rayo Vallecano twitter

ПретходноОсака ќе ги донира паричните средства од турнирот во Синсинати за настраданите во Хаити
СледноЛазаров: Неколку ракометари имаат потенцијал за сениорскиот тим!