КВАЛИФИКАЦИИТЕ СЕ ЗАВЕРЕНИ: Кошаркарите и сервираа одмазда на Швајцарија (ФОТО)

616

Македонската кошаркарска репрезентација и сервираше реванш на Швајцарија, ја совлада со 61-67 и го потврди местото во квалификациите за СК 2023 година на еден меч пред крајот на турнирот, кој се одржува во Скопје.

Уште еден одличен меч за нашите момци. На дело покажаа дека претквалификациите не се вистинското место за Македонија, па дури и кога игра ослабена. Потврдија дека првиот дуел со Швајцарија беше само лош ден или пак дека можеби притисокот беше голем.

Се собраа, го извадија најдоброто и ја лансираа Македонија во квалификациите. Мекиќ со 16 поени беше најефикасен, еден поен помалку имаше Трајковски, Крстевски беше стрелец на 11 поени и 7 скока. Вајли запиша 9 поени, Робев седум, пет имаше Стајиќ, три Николов.

Победата беше најавена во првото полувреме. Избраниците на Драган Бајиќ поведоа со 4-12, по првата четвртина ја имаа истата позитива од осум коша (10-18). Швајцарија се обиде да го наруши нашиот ритам намали на 17-20, но тука застана. Добрата одбрана и реализација на одморот ги донесоа највисоките 26-39 во овој дел од мечот.

Во вториот дел набрзина поведовме со 28-45. Швајцарија се обидуваше на секој начин да ја дестабилизира нашата игра, за жал тоа и успеа на стартот на последната четвртина во која намали на 46-52.

Притисокот си го стори своето, за пет минути паднаа само пет поени на теренот, долго време на семафорот стоеја 48-55, а први овој пост го прекинаа швајцарските кошаркари, направија драма, намалија на 50-55.

Трајковски и Крстевски не дозволија поинаков тек, го вратија двоцифреното водство (50-60) во 34. минута. Но, ниту ова не беше доволно за мирна завршница, нашите грешки ги казни противникот, се доближи на 54-60 на три и пол минути до крајот. Со двете тројки на Крстевски и Мекиќ ја најавивме победата на оваа средба, која е сосема заслужена.

Во последното коло од овој турнир Македонија ќе одигра против Словачка, селекција која останува рутински да ја совладаме уште еднаш.

ПретходноМарјан Секуловски: Реално Брегалница можеше да освои барем уште два бода!
СледноБатшуаји е нов напаѓач на Бешикташ