Македонската машка кадетска репрезентација на второто место го заврши ЕХФ шампионатот. Избраниците на селекторот, Кирил Лазаров во финалето беа поразени од Полска.
Предводникот на сите национални тимови веќе во дел од ракометарите гледа потенцијал за сениорската репрезентација. Лазаров најави дека седум до девет ракометари се издвоиле, но секако не ги откри нивните имиња.
„Едно е пријателски натпревар, едно е официјален натпревар, притисокот е поинаков. Неколку од ракометарите се издвоија, не би сакал да споменувам имиња, има до девет играчи. Неколку пак не успеаја да се носат со самиот притисок, тоа го видовме после првиот натпревар со Грција. Верувавме лудо, но како што кажав пријателски е едно, официјален меч е друго. Системот го поставивме ќе увидиме на грешките, во ситуации да промашите статистички 17 изградени напади, се чувствуваш немоќен, од една страна празен, од друга страна задоволен. Сепак си создал нешто, сакам да играат на Европско првенство да се судрат со најдобрите да видиме до каде сме, да поправиме“, изјави Лазаров по вчерашното финале.
Кире верува во оваа генерација, како и останатите кои треба да зачекорат кон сениорскиот тим и да ја држат ракометна Македонија во европските и светските натпреварувања.
„Ова е голема школа за нив, но и за мене како селектор дека треба да играме повеќе натпревари. Тука ќе растат како генерација, мора да ги стандардите. Ние сме на добар пат, ние имаме традиција за ракомет, треба да учиме иако многу знаеме и имаме кадар“.