Лапорта: Долгот на Барселона е 1,35 милијарди евра!

200

Каталонскиот гигант, еден од најголемите клубови во светот, еден од најтрофејните во Европа, а тоа е Барселона е пред финансиски колапс. Едноставно темелите на овој клуб и тоа како се разнишани.

Ова го потврдува и самиот Хоан Лапорта, првиот човек на Барса, кој денеска истакна дека долгот на клубот е неверојатни 1,35 милијарди евра.

Притоа не заборави да ја искритикува претходната водечка гарнитура на Барселона.

Состојбата е загрижувачка, а финансиската е драматична. Вкупно долгот е 1,35 милијарди евра. Во минус сме 450 милиони евра. Сме плаќале за скаути во Јужна Америка. И тоа 8 милиони евра. Сега за плати треба да се одвојат 103 насто од 100 насто приходот“ рече покрај другото претседателот на Барселона.

ПретходноАлба: Лут сум и тажен, доста ми е од лаги!
СледноКуртоа во Реал Мадрид до 2026!