Ливерпул и Хендерсон си подале рака: Капитенот на „Енфилд“ до крајот на кариерата

117

Според неколку извори, Ливерпул постигнал „начелен договор“ со капитенот Џордан Хендерсон за нов договор. Иако имаше сомнежи за иднината на 31-годишниот фудбалер, откако беше откриено дека разговорите претходно биле во застој, денеска стигна убава веста за фановите на тимот, дека начелен договор меѓу двете страни е постигнат.

Новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, пишува дека Англичанецот изгледа ќе ја продолжи авантурата долга една деценија и најверојатно ќе потпише договор со кој има реални шанси кариерата да ја заврши на „Енфилд“.

ПретходноПрволигашите ќе добијат брза вакцинација за да не мора да се прават PCR тестови пред секој меч
СледноКапитенот на Шкупи среќен за победата: Сакаме победа на секој следен меч