Младите пинг-понгари редат успеси на меѓународните турнири

119

Пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона во пинг-понг, репрезентативците од младинските категории учествуваат на меѓународни тренинг кампови и турнири. На турнирот во Опатија, Хрватска учествуваа јуниорската репрезентативка Ана Стојановска од Крива Паланка и кадетската репрезентативка Софија Хасану од Крушево. Во конкуренција на натпреварувачи од Хрватска, Словачка, Србија и Македонија, пријатна вест е дека Хасану го освои второто место. Во финалето Хасану загуби од натпреварувачка од Србија со 3:2, иако имала водство од 2:0.

Стојановска и Хасану дополнително ќе учествуваат на подготовки заедно со хрватската јуниорска и сениорска репрезентација на Хрватска и репрезентативниот состав на една од германските покраини.

Добри вести доаѓаат и од Бугарија каде што на меѓународниот турнир во Ардино учествуваа поголемиот дел од репрезентативците во јуниорска и кадетска конкуренција. Борис Секулов од ППК Астраион Струмца го освои второто место. Машката кадетска репрезентација екипно исто така го освои второто место. Солиден настап имале и нашите репрезентативки од младинските категории.

ПретходноТревога во Франција: Фудбалер на Бордо по вторпат во две години колабира на фудбалски терен
СледноПо кавгата со Јамаха, Вињалес потпиша за Априлија