Навивачите на Барселона „удрија“ по Лапорта

370

Фудбалерите на Барселона на домашен терен во првиот меч без Лионел Меси го победија Реал Сосиедад со убедливи 4:2 на стартот на новата сезона во шпанската „Ла Лига“.

Пред овој меч претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беше на мета на навивачите кои испратија бројни навреди на негова сметка. За време на изборите, тој вети дека Меси ќе остане во клубот.

Тие поставија бројни транспаренти: „Меси во Париз, ти на Ибица!“, „Лапорта, ти си келнер на Флорентино“ или „Барса не е твоја работа“.

Токму поради бројните реакции од страна на фановите на Барселона, Лапорта денеска закажа прес-конференција на која ќе зборува за долговите на претходникот, Бартомеу и долговите кои ги остави.

ПретходноМбапе побарал итен состанок со првиот човек на ПСЖ
СледноДен за одмазда: Кошаркарите заслужуваат поддршка!