Неверојатно: ПСЖ на Погба му нуди 30 милиони евра годишна плата!

824

Навистина шеиците, кои се газди на ПСЖ, не знаат за доста. Само што го донесоа Меси, сега го сакаат и Роналдо, а и Погба. Па така како што денеска пренесуваат медиумите во Англија и Франција, Пол Погба има понуда од ПСЖ вредна 30 милиони евра годишно. Тоа би било 600.000 евра неделно, и кога ќе се соберат сумите, излегува точно 30 милиони годишно и тоа нето. Тука не се сметаат специјалните и обичните бонуси.

Нема што, ПСЖ сака да има ѕвезден состав, сака да го имат тимот кој ќе го донесе на “Паркот на принцовите“ пехарот во Лигата на Шампионите.

Проблем е што и Реал Мадрид е заинтересиран за Погба, па и Јувентус. Инаку него договорот со Манчестер Јунајтед му истекува следното лето, и тој како слободен играч би можел да дојде во ПСЖ.

ПретходноЧелзи се пофали со Лукаку!
Следно“Жешко“ е во Шкендија: Бруно “удрил“ по Бесарт и Алими!!!