Како што предмалку објавија на своите социјални мрежи, Академија Пандев се засили со ново име, и тоа со играч од Босна и Херцеговина. Станува збор за Адис Хаџановиќ. Тој има 28 години и доаѓа од тимот на Олимпи Сараево. Игра како последен играч за врска и би требало да биде добро засилување за “пандевци“.
Претходно Хаџановиќ настапувал во клубови од Естонија, Хрватска, Црна Гора.