Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме против Швајцарија има водство од 26-39 и отворен пат кон пласман во квалификациите за СК 2023. Избраниците на Драган Бајиќ со голема самодоверба влегоа на оваа средба, потврдија дека за оваа селекција се класа. Останува да ја повторат истата игра во второто полувреме и уште вечерва да завршат работа.
Мекиќ со 10 поени е прв стрелец, зад него со по седум поени се Робев, Трајковски и Вајли.
За разлика од првата пресметка, нашите кошаркари подобро влегоа во мечот, поведоа со 4-12, по првите десет минути имаа водство од осум коша (10-18).
Мал пад во играта по неколку минути во вториот период, Швајцарија максимално го искористи, дојде на 17-20. Не дозволивме целосен пресврт, во 17. Минута Македонија поведе со 19-28. На минута до крајот со тројката на Трајковски нашите кошаркари за првпат имаа двоцифрена позитива (25-35). На одморот е 26-39.