Прволигашите ќе добијат брза вакцинација за да не мора да се прават PCR тестови пред секој меч

968

Владата ќе ги прифати барањата на прволигашките клубови кои излегоа од последниот состанок во хотелот Хилтон на почетокот на овој месец, кои се однесуваа на најавата за задолжителни ПЦР тестови пред секој натпревар во новата сезона.

Тоа значи дека барањето на клубовите за брза вакцинација на сите прволигашки играчи ќе биде прифатено, што потоа ќе придонесе да нема потреба од реализирање на ПЦР тестовите, задолжителни пред секој натпревар.

Некои екипи веќе завршија со имунизацијата и подготвени ја дочекаа новата сезона, а другите ќе ја чекаат одлуката на Владата која треба да има седница утре.

ПретходноПред 30 години бараше автограм од Куман, сега е спасител на Барселона
СледноЛиверпул и Хендерсон си подале рака: Капитенот на „Енфилд“ до крајот на кариерата