Пред 30 години бараше автограм од Куман, сега е спасител на Барселона

358

Жерард Пике како капитен ја предводеше Барселона на првиот меч од новата сезона во Ла Лига против Реал Сосиедад, кој неговиот тим го доби со 4-1.

Пике за кратко време ги освои срцата на сите фанови на каталонскиот гигант, прифати да игра за минимална плата или како што самиот кажа за четири долари за да челниците на клубот донесат нови засилувања.

Тој играше за младинските селекции на Барса, на 17 години замина во Јунајтед, но четири години подоцна се врати во Барселона и стана една од иконите на овој тим за кого одигра 566 меча и постигна 49 гола.

По дуелот со Сосиедад, Пике сподели интересен видео-запис, на кој бара автограм од Роналдо Куман, сегашниот негов тренер.

ПретходноРаботнички со реакција: Судијата Ѓорѓиевски драстично го оштети клубот и дрско го одреди текот на мечот!
СледноПрволигашите ќе добијат брза вакцинација за да не мора да се прават PCR тестови пред секој меч