Светислав Пешиќ е во Скопје!

641

И на годинешниот задолжителен тренерски семинар, раководството на КФСМ се погрижи познати и признати имиња да ги едуцираат македонските стратези.

Еден од предавачите на овој семинар е Светислав Пешиќ. Тој веќе е во Скопје и ја почна својата „мисија“. Ова тренерско име гласи за еден од од најуспешните во Европа.

Тој го освои златниот медал со репрезентацијата на СР Југославија на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година. Една година претходно ја освои и европската титула. Исто така ја предводеше и селекцијата на Германија на ЕП 1993 година. Со екипата на Барселона ја освои Евролигата, а со Џирона во 2007 година го освои Еврокупот.

Пешиќ нема да биде единственото познато тренерско име. Беше најавен и Андреа Тринкиери. Станува збор за актуелниот стратег на Баерн Минхен, тој има богато искуство. Беше прогласен за тренер на година во 2014 година во Европкупот. Неодамна, поточно во периодот од 2018 до 2020 година го водеше Партизан.

За повеќе детали околи тренерскиот семинар на кој треба да околу 150 тренери се очекува да се огласи КФСМ на својата официјална страница.

Пред две години, поточно во првата година од своето владеење, челниците на „куќата на кошарката“ во Скопје ги донесоа Душан Иваковиќ и Октај Махмути.

ПретходноШто се случува со Кејн? Навивачите сметаат дека е лаже, почнаа со навреди!
СледноКлоп конечно може да здивне