Познати се судиите за 3.коло во ПМФЛ. Сите шест мечеви се играат во среда со почеток од 17 часот. Јован Качевски од Струга ќе го суди дербито во Штип, во кое се среќаваат Брегалница и Шкендија. Дуелот меѓу Работнички и Струга ТЛ ќе биде арбитриран од Игор Стојчевски, додека во Битола, каде се среќаваат Пелистер и Шкупи, на “центарот“ ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ – СРЕДА (17:00 Ч)
Работнички – Струга ТЛ (И. Стојчевски – Скопје)
Тиквеш – А. Пандев (М. Младеновски – Скопје)
Ренова – Борец (Д. Младеновски – Скопје)
Брегалница – Шкендија (Ј. Качевски – Струга)
Македонија ЃП – Скопје (Д. Пилешков – Штип)
Пелистер – Шкупи (К. Ѓорѓиев – Штип)