Без разлика во каква ситуација е, сепак да се победи шампионот не е мала работа. А посебно ако одиграш добро, како што одиграа “гипсарите“ против Шкендија и ако постигнеш маестрален гол, како што тоа го направи Фатјон Јусуфи. Тој според Спортмедиа е играчот на колото. Едноставно офанзивецот на Ренова блескаше на тетовското дерби. Покрај него од Ренова во тимот на колото се и Селмани и Мустафов.
Јовановски и Мирчевски се од А. Пандев, Мециновиќ и Скендери од Струга ТЛ, Ѓорѓиев и Раџен од Борец, Сенгор и Алварез од Шкупи.
ИГРАЧ НА КОЛО
ФАТЈОН ЈУСУФИ
Тим: Ренова
Роден: 17.12.1995 во Тетово
Кариера: Ренова, Партизани (АЛБ), Ширак (ЕРМ), Шкупи, Ренова