Трајковски: Со Бајиќ сме во добри односи, случката на полувреме беше во жарот на борбата

444

По победата над Швајцарија, олеснување во македонската кошаркарска репрезентација. Обезбедени се квалификациите за СК 2023, па многу порастеретено и послободно може да се оди во последниот меч од групата.

Репрезентативецот Бојан Трајковски е задоволен од конечниот исход и што првичната задача е исполнета.

Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме се што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист. Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме“, изјави Трајковски кој беше лут на полувреме не му подаде рака на селекторот Бајиќ.

Со селекторот сме одлични, сите работи што се случија пред полувремето беа во жарот на борбата. Двајцата сме малку емотивни, сакаме да победиме. Си подадовме рака и си простивме еден на друг“, објасни нашиот репрезентативец.

ПретходноБајиќ: Момците од меч во меч покажуваат карактер и мислам дека ќе бидат уште подобри
СледноМурињо собори личен рекорд: 40 дена не дал изјава!