Од денеска Бујар Шабани и официјално не е веќе дел од фдубалскиот клуб Шкупи. Предмалку на својата официјална интернет страница, чаирчани објавија дека ја прекинуваат соработката со Шабани, и тоа на негово барање.
Шкупи му се заблагодарува на Бујар Шабани за досегашниот придонес и му посака многу среќа во иднина.
Тој својата кариера ќе ја продолжи во својата земја, во Косово.