Англискиот репрезентативец, Хари Кејн вчера не беше во составот на Тотенхем, кој без него славеше против Манчестер Сити со 1-0.
На англискиот репрезентативец не му се доапаѓа политиката на клубот, кон нема амбиции за да се бори за титули, неофицијално токму поради истата причина го пропуштил и првиот тренинг на Тотенхем за да покаже дека сака да си замине.
Кејн се врати на тренинг во саботата, почна со индивидуални тренинзи откако дојде од одморот од Бахамите.
Се очекуваше тој да биде барем меѓу резервите вчера, но тоа не се случи.
“Продолжува да се подготвува. Хари мора да работи, тренираше денес и ќе работи додека не биде подготвен. Дали е на стадион? Тренираше наутро, не ги знам неговите планови”, изјави тренерот на Тотенхем, Санто.
Многу обожаватели и новинари не веруваат во Дедо Мраз, тие мислат дека Кејн е на пат.
Навивачите на Тотенхем беа разочарани од легендата, па му пееја за време на водството против Сити и по победата: „Го гледаш ли овој Хари?“.
Иако Кејн даде многу за овој клуб, многумина со сметаат за предвник.