Еспирито Санто го стави Кејн во тимот за мечот од Конференциската лига в четврток

354

Хари Кејн би можел да се врати во дресот на Тотенхем во четврток во мечот од УЕФА Конференциската лига против екипата на Пакос де Фереира. Според англиските медиуми, голгетерот е ставен на списокот на тимот кој ќе се бори со Португалците за место во групната фаза од ова натпреварување.

Капитенот на Англија не беше вклучен во тимот за премиерата во Премиер лигата против Манчестер Сити.

Кејн се врати на тренинзите на Тотенхем во петокот и, наводно, не бил доволно подготвен за настап. Навивачите полека го губат трпението со него, особено по непрофесионалниот однос кон клубот и се поизразената желба да си замине.

ПретходноОдбојкарите на Меморијалот „Чајка“ ја почнуваат „финална глазура“ на формата за ЕП
СледноБелерин не сака повеќе да игра за Арсенал, бара итно да биде продаден