И дефинитивно нешто не е во ред во редовите на Шкендија. По тренерска смена, се чинеше дека со Бруно Акраповиќ работите ќе си дојдат на своето место, но место да биде подобро, играта е полоша, а реализацијата очајна. Шкендија по првите две кола е претпоследна на табелата, а во среда гостува во Штип кај квалитетниот состав на Брегалница.
И кога е така, а така е, тогаш нормално е да има нервоза во екипата, па и во клубот. Нормално е да има препукување, а такво нешто се случило, барем според нашите неофицијални сознанија, вчера на полувремето на мечот со Ренова.
Имено во соблекувалната стратегот Бруно Акраповиќ, кога резултатот беше 0:1, имал што да им каже на Бесарт Ибраими и Арменд Алими, најдобрите фудбалери на Шкендија. Тој во еден момент на гнев, им посочил дека тие двајца биле најслаби играчи во оваа екипа на Шкендија.
Е, сега, дали со тоа сакал да ги мотивира или нешто друго, не е познато.
Познато е само дека во претходниот мандат, во 2016 кога беше во Шкендија, тој тогаш воопшто немаше муабет со “бомбардерот“ Ибраими.