Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ќе го продолжи договорот со клубот за уште три сезони, пренесува „Атлетик“.
Меѓу навивачите на Ливерпул имаше страв дека Хендерсон може да замине, Атлетико Мадрид беше еден од тимови кои беше заинтересиран за неговите услуги, но нема да има ништо од тоа.
Еден од омилените војници на Клоп, ќе добие добар договор и можност да потпише да ја продолжи соработката на дополнителна година во зависност од бројот на одиграни натпревари. Дотогаш ќе има 35 години, а прашање е колкав придонес ќе има. Ливерпул за овој фудбалер направи исклучок, политиката на клубот е да не се потпишуваат долгорочни договори со играчи кои се над 30 години.
Хендерсон пристигна во Ливерпул во 2011 година од Сандерленд за околу дваесет милиони фунти. Тој не беше меѓу омилените играчи кај фановите, но со текот покажа дека местото му е во овој тим, го доведе Ливерпул до титули во Премиер-лигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство …