И официјално. Тибо Куртоа, еден од најдобрите голмани во светот го продолжи договорот со “кралевите“ и тоа до 2026 година. Ова попладнево го објавија од Реал Мадрид каде на промоцијата на договорот беше и првиот човек на “кралевите“ Флорентино Перез.
Да потсетиме дека голманот на репрезентацијата на Белгија во Реал дојде во 2018 година, а претходно бранеше за Атлетико Мадрид, Челзи. Секако дека ова е награда за Куртоа за неговите одлични одбрани во дресот на “кралевите“.