По првите две кола во новата сезона во ПМФЛ, Брегалница освои два бода. Ремизираше со Шкупи дома, и вчера одигра без голови со Скопје на Автокоманда. Факт е дека “сините“ имаат исклучително тежок распоред. Веќе во среда играат со Шкендија.
За тоа како ги оценува настапите на својата екипа во првите два меча, свое видување за Спортмедиа има Марјан Секуловски, стратегот на Брегалница.
“Од играчки аспект јас сум задоволен. Сепак сметам дека релано ќе беше да освоиме барем уште два бода. Ние Шкупи го имавме во свои раце, но ете реализацијата потфрли. Вчера првото полувреме и не беше нешто екстра, но затоа во продолжението од мечот го имавме, што се вели и овој меч. Но, што да се прави, одиме напред. Едвај чекаме да почнат да играат Алтипармаковски и Ескиќ“ посочува Секуловски.
За тоа што следува во среда, тој истакнува…
“Тежок меч за нас, но тешко ќе и биде и на Шкендија. Добро знаеме дека тетовци во Штип ќе дојдат по бодови. Посебно по она што им се случи вчера во градското дерби. Го цениме и респектираме шампионот, но и себе си си се цениме. Играме дома, пред својата публика, ќе дадеме се од себе да дојдеме до добар резултат“ заклучи Секуловски.