Мекиќ со голема самодоверба: Македонија ја краси тимска игра, очекувам победа

180

Адем Мекиќ беше еден од најдобрите на првите два натпревара од претквалификациите во Скопје.

Особено значаен беше неговиот придонес на дуелот со Словачка во последната четвртина, постигнa осум поени во низа или вкупно десет во серијаta од 20-0.

Вечерва, од 19, Македонија го игра вториот натпревар против селекцијата на Швацарија кој ќе го одлучи и првиот „патник“ во квалификциите за Светскиот Куп 2023

„Првиот дуел со Швајцарија го одбележа нашата неефикасна игра иако во одбраната бевме одлични. Ако ја повториме играта во одбрана и вечерва, мислам дека ќе биде многу подобро.

Македонската репрезентација во моментов ја краси тимската игра и секогаш се трудиме секој да го направи своето, како во одбраната, така и во нападот“, вели Мекиќ пред „реваншот“ со Швајцарија.

Ток направи мало навраќање на она што беше на овој турнир во Скопје.

„Во првиот натпревар влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе не однесе во следната фаза.

Во вториот меч влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот“– посакува нашиот крилен играч.

ПретходноКапитенот на Шкупи среќен за победата: Сакаме победа на секој следен меч
СледноСудии за 3.коло: Качевски “главен“ на дербито во Штип!