По кавгата со Јамаха, Вињалес потпиша за Априлија

264

Шпанскиот возач во Мото ГП, Маверик Вињалес, ќе вози за Априлија следната сезона, откако влезе во отворен конфликт со Јамаха, објави италијанскиот тим во понеделникот.

26-годишниот пилот беше суспендиран од фабричкиот тим на Јамаха минатата недела и се повлече од ГН на Австрија во неделата, бидејќи наводно се обидел да го уништи моторот на претходната трка. Деветкратниот победник во трки од Мото ГП веќе претходно беше во кавга со јапонскиот производител и требаше да замине на крајот на сезоната, откако го раскина договорот една година порано.

Тој се извини во неделата за постапките за кои рече дека се должат на фрустрацијата.

„Исклучително сме среќни што можеме да објавиме дека потпишавме со Маверик Вињалес, возач на високо ниво и еден од најголемите таленти во класата“, рече извршниот директор на Априлија Рејсинг, Масимо Ривола.

ПретходноМладите пинг-понгари редат успеси на меѓународните турнири
СледноАлба: Лут сум и тажен, доста ми е од лаги!