Жерард Пике како капитен ја предводеше Барселона на првиот меч од новата сезона во Ла Лига против Реал Сосиедад, кој неговиот тим го доби со 4-1.
Пике за кратко време ги освои срцата на сите фанови на каталонскиот гигант, прифати да игра за минимална плата или како што самиот кажа за четири долари за да челниците на клубот донесат нови засилувања.
Тој играше за младинските селекции на Барса, на 17 години замина во Јунајтед, но четири години подоцна се врати во Барселона и стана една од иконите на овој тим за кого одигра 566 меча и постигна 49 гола.
По дуелот со Сосиедад, Пике сподели интересен видео-запис, на кој бара автограм од Роналдо Куман, сегашниот негов тренер.
Hace casi 30 años.. @RonaldKoeman pic.twitter.com/Y0PYFEPN5b
— Gerard Piqué (@3gerardpique) August 15, 2021