Симиќ и Андоноски – момчиња кои допрва ќе имаат што да понудат

237

Теодор Симиќ и Андреј Андоноски на дуелот против Словачка ги одиграа првите миниту во сениорската репрезентација на Македонија. Доминацијата на оваа средба беше повеќе од доволна причина за да селекторот, Драган Бајиќ им даде шанса.

Симиќ, кој е член на младинскиот тим на Барселона, успеа и да се запише во листата на стрелци.

„Чувството е феноменално кога си дел од ‘А’ репрезентацијата, каде што иако сум најмал, одлично сум прифатен од соиграчите. Така е и атмосферата во тимот – одлична. Неможе да се опише со зборови она чувство за моето деби на теренот и првиот поен во сениорската репрезентација. Се виде мојата реакција после дадениот кош.Тоа се големи емоции и тоа покажува сè“, вели во едeн здив најмладиот члeн нa нашиот нацоналeн состав, кој верува дека Македонија може да ја добие Швајцарија.

Слични се и размислувањата на вториот дебитант во оваа наша селекција. Андреј Андоноски заигра и против Швајцарија, потоа и против Словачка.

„Отсекогаш, животна желба ми била да заиграм за сениорската репрезентација на Македонија. А со поканата за учество, имам голема чест што ми се оствари тој сон! Ова ново искуство нуди големи предизвици со кои сум спремен да се соочам и да ги совладам. Исто така сакам да се заблагодарам на селекторот што ми даде шанса на мои 19 години да ги бранам боите на Македонија.

Сигурен сум дека на денешниот натпревар со Швајцарија секој од нас ќе го даде својот максимум и со голема воља и енергија ќе го постигнеме посакуваниот успех-победата“, со голема доза на воодушевување зборува силното крило.

ПретходноКлоп конечно може да здивне
СледноРаботнички со реакција: Судијата Ѓорѓиевски драстично го оштети клубот и дрско го одреди текот на мечот!