Манчестер Јунајтед денеска и официјално го објави пристигнувањето на третото летно засилување, францускиот стопер Рафаел Варан.
Трансферот на поранешниот играч на Реал беше договорен минатиот месец, а во новиот клуб Французинот ќе го носи дресот со број 19. Тој беше претставен пред публиката во саботата на „Олд Трафорд“, пред натпреварот со Лидс.
„Има уште многу што сакам да постигнам во кариерата и знам дека доаѓам во тим со толку одлични играчи кои имаат иста желба за трофеи и победи како мене. Сакам да станам дел од богатата историја на клубот“, рече Варан на презентацијата.
Покрај Варан, Јунајтед ова лето се засили со Џејдон Санчо и голманот Том Хитон.
𝙉𝙤𝙬 it’s official.
Ladies and gentlemen: introducing @RaphaelVarane! 🔴👋#MUFC pic.twitter.com/rn3deF01w0
— Manchester United (@ManUtd) August 16, 2021