Тревога во Франција: Фудбалер на Бордо по вторпат во две години колабира на фудбалски терен

511

Марсеј и Бордо одиграа одличен натпревар во второто коло од француската Лига 1. По првото полувреме, Марсеј водеше со 2-0, но на почетокот на второто им дозволи на гостите да израмнат за конечни 2:2.

Сепак, мечот го одбележа вознемирувачки инцидент. Во шестата минута, крилото на Бордо и нигериски репрезентативец, Самуел Калу, застана во ѕидот пред домашните да изведат слободен удар, но потоа одеднаш колабираше на теренот без никаков контакт.

Фудбалерите беа многу исплашени, а додека лекарите дојдоа да помогнат, фудбалерите на Бордо формираа штит околу 23-годишниот играч од средниот ред, покривајќи го од камерите.

Фудбалерот беше свесен, а изненадувачки, му беше дозволено да игра уште неколку минути, пред тренерот Владимир Петкович да го замени.

Причината за колабирањето се уште не е позната, но можеби се должи на топлото време во Марсеј. Но, сомнително е тоа што ова не му се случува првпат на Калу. Во летото 2019 година, тој имаше слична ситуација за време на тренингот на репрезентацијата на Нигерија во рамките на подготовките за Купот на Африка. Тогаш беше хоспитализиран и му препорачаа да пие повеќе вода. Објаснувањето беше дека дехидрирал поради исклучително топлото време со температура над 40 степени.

ПретходноСтигна и клупската потврда: Варан и официјално на „Олд Трафорд“
СледноМладите пинг-понгари редат успеси на меѓународните турнири