Ромелу Лукаку и официјално е нов член на Челзи, на најдобриот тим во Европа. Еден од најдобрите напаѓачи во светот за сума од 115 милиони евра се пресели од Интер во Челзи, но поради фактот дека беше во карантин неколку денови, дури денеска и е преставен на јавноста.
Тој не го криеше своето задоволство што ете пак е во “својот“ Челзи, а од таборот на “сините“ пак не кријат дека со Лукаку ќе имаат уште подобар, помоќен тим.
Се чини дека Челзи погоди со трансферот. Она што му недостигаше, типична гол – машина, во Лукаку и го доби.