Хесе Родригез, некогаш големата надеж на Реал Мадрид, а сега фудбалер на Лас Палмас, продолжува да ја изненадува спортската јавност во Шпанија. Имено тој по шести пат ќе стане татко, и тоа со четвртата девојка со која е во моментов. А некогашниот член на “кралевите“ има само 28 години.
Во 2013 година тој, како фудбалер на Реал Мадрид, потешко се повреди на мечот со Шалке, и од тогаш па наваму не успеа да се врати во старата форма. Но затоа постојано го “полни“ жолтиот печат со своите скандали.
Па така, најново е тоа што Хесе сега го очекува своето шесто дете.
Тој има две деца од врската со Мелоди Сантана, потоа исто две со Жанира Барм, едно со Аура Руиз е сега очекува уште едно со Рочио Амар.