Тиквеш ги пушти во продажба билетите за утрешниот меч со А. Пандев!

336

По цели 17 години, конечно дојде и тој ден. Утре во 17 часот во Кавадарци одново ќе се прволигашки фудбал, и тоа по, како што рековме, цели 17 години пауза.

Тиквеш во меч од 3.коло се среќава со А. Пандев, а за овој натпревар има голем интерес, и во Кавадарци и во околината на градот. Токму затоа кавадарчани денеска ги пуштија во продажба билетите, кои по 100 денари може да се набават на неколку пунктови во градот.

И овојпат, поради рестриктивните ковид – мерки, ќе биде дозволен само искористување на 30% од капацитетот на стадионот. Па така се очекува максимални 2.000 фанови да присуствуваат на дуелот меѓу Тиквеш и А. Пандев, еден од дерби средбите во утрешното 3.коло во ПМФЛ.

Влез ќе биде дозволен само за вакцинираните лица и лица кои прележале Ковид-19.

ПретходноЏордан си “лапна“ најмалку 6 милиони евра од трансферот на Меси!
СледноСкендери: Среќен сум за головите, но најважно е Струга Трим Лум да победува!