Анчелоти го враќа Роналдо во Реал Мадрид?

267

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти би сакал да го има Кристијано Роналдо повторно во тимот на Реал Мадрид. Тој побарал од Флорентино Перез да се обиде да го врати Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпански и италијански медиуми.

Роналдо имаше импресивни настапи додека Анчелоти беше тренер на Реал Мадрид, а италијанскиот стратег би сакал да го види Португалецот одново на „Бернабеу“. Сепак тоа ќе оди малку тешко затоа што Реал се сврте на помлади фудбалери и сака да го гради тимот околу нив.

Фокусот е фрлен на Килијан Мбапе кој е незадоволен во ПСЖ по доаѓањето на Лео Меси. Французинот смета дека ќе падне во втор план и ќе му опадне популарноста по доаѓањето на Аргентинецот, па смета дека подобро ќе напредува во некој друг клуб како Реал Мадрид. Наводно „Кралевите“ можат да платат 150 милиони евра за младиот напаѓач.

ПретходноПресврт во случајот Џака: Швајцарецот останува на „Емирати“ до 2024 година!
СледноНовинарот постави прашање, Осака се расплака и ја напушти конференцијата за медиуми